речник контакт

За салата „Гемиџии“да биде домаќини на турниp во Евро лигата во одбојка, потребно е да се решат одредени недостатоци во објектот

Недостатоците се констатирани уште пред десетина години, но досега не се отстранети. Во пролетта 2017а имаше најава дека ист ваков турнир ќе се организира во Велес, но тоа не се случи

Петар Печков

Велес и салата Гемиџии можеби ќе бидат домаќини на групата од Сребрената Одбојкарска лига на ЦЕВ, доколку се решат неколку инфраструктури недостатоци кои се регистрирани во салата.

Наспроти најавите на дел од медиумите дека во Велес ќе се игра во месец мај меѓународна одбојка, Одбојкарската федерација на Македонија покажала интерес, но далеку е од одлука.  За  салата „Гемиџии “ да биде домаќин на ваков врвен меѓународен спортски настан, потребно е се да се исполнат и повеќе услови. 

Тие се познати  години наназад   а последен пат беа соопштени во летото 2018-та.   Нив ги има повеќе а дел од нив се:  треба да се уредат сите четири соблекувални, прес салата, просторија за антидопинг, просторија за официјалните лица. Иако ова  беше констатирано пред помалку од три години, ништо од нив не е решено.

А за да се игра групата од Сребрена лига во одбојка во Велес  итно треба да се решата до средината на месец мај, има уште два месеци. Турнирот на распоредот е на 21-23 мај. Учесници се репрезентациите на  Израел, Кипар, Данска Македонија.  Ваква најава дека Велес и салата Гемиџии ќе бидат домаќини на турнир од Евро лигата во одбојка имаше и во април 2017-та, но тој иако најавен никогаш не се одржа во Велес. 

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »