речник контакт

За седум дена во Велес казнети 156 лица, оти нe носеле заштитна маска

Најмногу казни биле изречени во понеделникот на 3-ти август -35 а најмалку на 2-ри август-недела само 14

Петар Печков

СВР Велес за изминатите седум дена, од петокот 31-ви јули, до четврток 6-ти август казнети биле 156 лица оти не носеле заштитна маска, додека се движеле низ Велес. Или во просек дневно по  22 граѓани.

Според портпарол на СВР Велес, Верољуб Додевски, во петокот на 31-ви биле казнети 21, исто толку и на 1-ви август, на празникот 2-ри август 14 лица,  на 3-ти  биле констатирани  најмногу  35 прекршока, во  вторникот  22, средата 27 и  вчера во четвртокот  16.

Овие граѓани не ја почитувале  Уредбата на Владата за задолжително носење на заштитни маски.

Казната за непочитувањето е 20 евра во денарска противвредност, или ако се плати во рок од осум дена е 10 евра или 620 денари.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »