речник контакт

За слепите да имаат еднаков пристап до информациите

Квизот имаше промотивен карактер, за да и прикаже на јавноста што значи адекватен прием на информации

Петар Печков

Се одбележа  70 години од формирањето на сојузот на слепи лица  на Македонија. По овој повод во Велес се одржа квиз натпревар на кој  учествуваа   две екипи .

Едната беше составена од лица  без оштетен вид а во втората екипа од слепи лица. Квизот имаше промотивен карактер, за  да и прикаже на јавноста што значи адекватен прием на информации.

Во една од игрите на квизот беа поделени прашања во печатена форма со црн печат, каде видните лица можат д ги  прочитаат прашањата а слепите не. Потоа имавме иста ситуација прашањата беа поделени во печатена форма во вид  на Брајово писмо, така што екипата на слепи  можеа да го прочитаат прашањето а тие од видните не. Така покажавме дека информациите мора да бидат дадени до секое лице на за него соодветен начин. За слепите лица е Брајовото писмо или во аудио формат -  изјави Тони Пајдаков секретар на Здружението на  лица со оштетен вид од Велес. Во Македонија има  17 вакви здруженија каде членуваат 2,5 илјади лица. 

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »