речник контакт

За сообраќајката кај Врановски анови со еден починат, во која учествуваа два камиони, нема да има кривична одговорност

Почина жител на Бузлаково, кој во истрагата било констатиран дека извршил престигнување на место каде не смее

Петар Печков

За сообраќајката која се случи минатата година во јули, близу селото Извор  а во која учествуваа две тешки возила и имаше еден починат, нема да се бара кривична  одговорност. Така реши Основното јавно обвинителство од Велес, одговор кој беше добиен по поставеното прашање.

„По прибирање и анализа на сите докази во наведениот предмет, Основното јавно обвинителство Велес донесе Резолуција дека нема место за јавнообвинителско постапување во конкретниот случај. Таквата одлука беше донесена бидејќи сите докази во предметот, вклучително и извршеното сообраќајно вештачење, потврдија дека причина за настанатата сообраќајна несреќа е непочитување на прописите за безбедност во сообраќајот од страна на сега починатиот при престигнување“- соопштија од ОЈО Велес.

За потсетување сообраќајката се случи на  30.07.2022 околу 8.15 часот на регионалниот пат за село Извор, велешко, кај место викано „Врановски aнови“.

Во  сообраќајната несреќа учествувале  две товарни возила „ТАМ“, двете со велешки регистарски ознаки, едното управувано од И.Ј.(37 год), а другото  управувано од Ј.Ј.(22 год), и двајцата од село Бузалково, велешко.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил И.Ј., констатирани во Комплекс клиники „Мајка Тереза“, каде и им подлегнал на повредите.

АНКЕТА »

Дали ФК Борец ќе го мине баражот и од есен ќе игра во Втората фудбалска лига?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »