речник контакт

За сплавовите на Вардар кај Градско

Како жителите на Караслари, Кочилари, Ногаевци, Уланци, Црвени брегови, Војжанци Дуброво го минеле Вардар, кога немало мост. Колку се плаќало?

Петар Печков

Средбата со Лазар Божинов од Ногаевци на велешки пазар, беше случајна. Но тој имаше вредна  информација, како на времето, кога немало мостови на реката Вардар, се преминувала реката.

Се однесува на селата во денешна  општина Градско, при што Лазар ги посочи, Караслари, Кочилари, Ногаевци, Уланци, Црвени брегови, Војжанци Дуброво. Се однесува на периодот по Втора Светска војна се до средината на седумдесеттите години од минатиот век.
 
Немаше мостови и памтам како дете дека со сплавови се минеше преку Вардар. Таир и Амед  беа мајстори од Кочилари, тие изработуваа   кораби  на сајла се држеа, таа прицврстена на двете страни од реката  и имаше сплавар кој управуваше со нив.  Собираа до 3-4 тони роба   се товареше коњи магариња,  вреќи со брашно, памук. Откупот за нив  беше во Градско.  На селаните кога преминуваа  не им земаа но на гостите да. Тие идеа во недела на гости кај роднините во овие села  и плаќаа.  Тасе беше корабџија по 10 динари им земаше.  Нас ако превезувавме стока годишно  плаќавме по канта жито од по 15 кг.    Кој нема работа се нафаќаше да работи ,да управува со сплавот,   ќе не викнеше протуѓерот за вечерата во школото и сите идеа. И така се бираше кој ќе управува со сплавот  - ги сподели спомените    Лазар Божинов од Ногаевци.

фото илустрација понтонски мост кај Уланци 1918-та , Прва Светска војна

АНКЕТА »

Дали ФК Борец ќе го мине баражот и од есен ќе игра во Втората фудбалска лига?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »