речник контакт

За три дена 92 лица на јавна површина, во Велес, не носеле заштитна маска

Во истиот период во Кавадрци биле казнети 45 а во Неготино 30 лица. Најмногу во средата во трите града вкупно, 70 лица

Петар Печков

Изминатите три дена во Велес казнети биле 92 лица оти не носеле заштитна маска, соопштија од СВР Велес.  Најмногу казни биле пишани во средата, во трите градови на подрачјето на СВР Велес, Велес, Кавадарци и Неготино  70 лица биле казнети, оти на јавни површини на је почитувале уредбата на Владата, за задолжително носење заштитна маска.

По денови, вторник - 28, среда -35 и вчера -четврток 31.  За истиот овој период во Кавадарци биле казнети  45 лица, во вторникот 11, средата 19 и вчера - четврток 15. Во Неготино тамошната полиција казнила 30 лица, по седум во вторникот и вчера- четврток и 16 во средата.

Казната за овој прекршок  е 20 евра во денарска противвредност, а доколку се плати во рок од  осум дена е 10 евра или 620 денари.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »