речник контакт

За учениците од Богомила и Согле набавени спортски реквизити (фото)

Обезбедени се топки за фудбал, кошарка, одбојка и ракомет, неколку комплети за пинг понг, преку граѓанска акција на Активо, НВО Инфоцентар и Општина Чашка

Петар Печков

Учениците од ОУ „Петар Поп Арсов“ од Богомила  и од Согле, добија спортски реквизити, кои ги обезбедија   преку граѓанска акција Активо,НВО Инфоцентар и Општина Чашка. Овие реквизитите се потребите на образовниот процес во основното училиште.

„Набавката на дефицитарни спортски реквизити беше еден од приоритетите посочени од жителите на селата Богомила и Согле, кои учествуваа на јавните консултативни средби организирани од Активо, НВО Инфоцентар и Општина Чашка, во ноември годинава“ - кажа Дејан Ристов од Активо.

Во рамки на оваа граѓанска акција, обезбедени се топки за фудбал, кошарка, одбојка и ракомет, неколку комплети за пинг понг, хулахопи, јажиња за скокање, чунчиња, како и комплети за друштвената игра домино.

„Девојчињата и момчињата од Богомила и Согле, сега ќе имаат поквалитетна настава по физичко и здравствено образование, но и можност да се занимаваат со различни спортски активности во своето слободно време“ - дополни Ристов.

Оваа граѓанска акција е реализирана во рамки на проектот „Активни граѓани и партиципативна демократија на локално ниво“, поддржан од меѓународниот центар Улоф Палме од Шведска. Вредноста на набавката е 15 илјади денари.

АНКЕТА »

Дали ФК Борец ќе го мине баражот и од есен ќе игра во Втората фудбалска лига?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »