речник контакт

За филмот Панкот не е мртов

Како го видоа овој македонски филм во Бања Лука

Петар Печков

Најпознати македонски режисери секако се Милчо Манчевски и Столе Попов, тие поупатените знаат и за сестрите Митевски, меѓутоа ретко кој слушнал за Владимир Блажевски.

Додуша, овој Македонец со години живее во Белград, но кога ќе се спомне филмот „Булевар на револуцијата“ со Бранислав Лечиќ и Војан Маљевиќ, сите знаат кој е режисер на тој филм.

Неговото ново дело, по пауза од речиси 20 години, беше македонскиот кандидат за Оскар, а се работи за хумористична драма за земја и луѓе во транзиција во која панкот не е само музика, туку и начин на живот, под името „Punks not dead“.

Дејствието се врти околу членови на најпопуларен македонски панк бенд кој одамна престанал да постои, додека членовите заминале да живеат во разни делови на поранешна Југославија, меѓутоа и понатаму продолжиле да живеат со ист или сличен начин на живот. Кога од една странска невладина организација добиваат понуда да свират за Албанци во Дебар, тие тоа го прифаќаат со добар хонорар. Само, постои проблем што треба да се соберат по речиси 17 години.

Снимен во стилот „синема верите“ овој филм има многу недостатоци, но наспроти нив, многу е гледан и е едно пријатно освежување од Македонија. Покрај тоа, филмот се обидува да проникне во проблемите на транзициското и националистичкото општество.

Иако панкерите се прикажани стереотипно, како во филмовите од 80-тите години, тие се разликуваат во своите шеги и со својата хуманост за разлика од бирократите или странците во овој филм, кои се ладни.

Втор знак за слабоста во овој филм е режисерски. Блажевски очигледно е многу подобар како сценарист отколку како режисер, каде обидувајќи се да ја долови реалноста и држејќи се до документарниот стил во некои сцени „заталкал“. Наспроти режијата, тој направи брутално и емоционално силно и провокативно сценарио со многу убедлива глума.

Главната улога на 40 годишниот анархист, нихилист и поранешен наркоман, кој се уште живее со мајка му, ја одигра Јордан Симонов, додека најдобар поединец во филмот е неговиот најдобар пријател Љак или Тони Михајловски со својот миленик жабата Фердинанд, кој со својата гестикулација и експресии го засенува летаргичниот Мирса.

Филмот има елементи на „road movie“ кога тројца членови на бендот се упатуваат во Србија и Сараево да ги бараат останатите членови. Секоја нова локација нуди нова приказна и нови незгоди. Од многуте сцени кои обилуваат со псовки, голотија, огромна количина на алкохол и украдена свинска полутка, најефектни сцени се сцените од патувањето.

„Punks not dead“ нема линеарна приказна, туку таа во еден момент е на пат, во друг е музичка, додека во трет момент е љубовна како сцени од „црн бран“.

Меѓутоа, во позадина на сето тоа се крие универзална приказна која ги опфаќа сите земји на Балканот, а тоа е проблемот со затвореноста, национализмот, од кои поединците бегаат низ музиката или бараат некој друг „издувен вентил“.

Блажевски создаде слика на нова Македонија во која дава предност на аутсајдерите, а ги исмејува националистите и странците.

 текстот е преземен од Независне новине – Бања Лука

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »