Петар Печков
Објавено: петок, 21 февруари 2025
Четири милиони денари за четири претстави од Министерството за култура, доби велешкиот театар „Јордан Хаџи Константинов Џинот“ по годишна програма за работа. Тоа се претставите „Госпоѓа министерка“ од Бранислав Нушиќ, во режија на Синиша Ефтимов, од 1.400.000 денари. Пробите за неа почнаа а најавите се дека премиерата ќе биде на 27 март Светскиот ден на театарот, со која претстава треба да започне фестивалот „5ре“.
Другите три претстави кои годинава ќе се работат во велешки театар се „Искрените“ од Карл де Шамблен Мариво, во режија на Владимир Милчин, со 1.500.000 денари, „Галеб“ од А.П. Чехов , во режија на Александар Ивановски, во износ од 700.000 денари и „Не можам да платам, нема да платам“ од Дарио Фо, во режија на Елеонора Теова, во износ од 400.000 денари, претстава која ќе се игра на малата сцена.
„Со добиениот буџет ќе реализираме четири претстaви. Ќе го кренеме на повисоко ниво нашиот театар и нашата посетеност. На крјаот од годината, пред Министерството за култура се дава отчет како се потрешни средствата, каде сме настапиле, дали и кои награди сме ги освоиле, колку сме успеале со овие претстави, колку публика ги видела. Има одговорност со овој делегиран Буџет, што е сработено. Ќе создадеме и две детски претстави од наши средства, таа публика е нашата иднина и мораме да ја негуваме“ – кажа Жарко Спасовски директор на театарот.
Доделени се 800.000 денари за реализација на годинашното издание на Фестивалот на античка драма „СТОБИ“. Театарот доби и 480 000 денари за реализација на планираните активности за меѓународна соработка.
Надвор од овој Буџет, Министерството за култур годинава одобри 408.000 денари за театарскиот фестивал „5ре“.
Лани велешки театар од Министерството за кулура, доби 2,3 милиини денари за две престави, за фестивалот „Стоби“ 600.000 денари, а 500.000 за меѓународно гостување.
Tweet |