речник контакт

За четири часа пет возачи возеле побрзо од дозволената брзина, по велешките улици

Ноќна акција на сообраќајната полиција во Велес, колку брзо се вози

Петар Печков

Понеделникот навечер во термин од четири часа, сообраќајна полиција контролирала, колку возачите ја почитуваат пропишаната брзина за возење низ град.


„На 6-ти септември  во периодот од 20 до 24 часот, со ноќен радар, полициски службеници од СВР Велес на подрачјето на СВР Велес спроведоа засилена акциска контрола на возачи кои управуваат возило со брзина поголема од пропишаната. Притоа, санкционирани 21 возачи, од кои пет во Велес, два во Кавадарци и 14 во Неготино“ - информира Верољуб Додевски, портпарол на СВР Велес.

Од полицијата најавуваат дека засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови.

„Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта“ - велат од МВР .

АНКЕТА »

Дали се потребни забрани за учениците на училиште да носат мини здолништа, долги нокти, маици на прерамки, бермуди, бради и присеви?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »