речник контакт

За шест години во велешко бесправно исечени седум илјади м3 дрво, вредни 300 илјади евра

Истражување за дрвокрадството во Велешко, Прилепско, Струмичко и Гевгелиско. ОЈО Велес за 10 години процесирало најмногу 26 кривични пријави, ОЈО Прилеп не кажува колку

Петар Печков

Околу седум илјади метри кубни се бесправно исечени, од шумите во велешко, покажува истражувањето што го презентираше Центарот за европски стратегии – Евротинк. Или во пари  ако се земе предвид цената од околу 40 евра за квадратен метар во малопродажбата, вредноста на украдените дрва во велешко  за шест години е околу 300 илјади  евра.

Или по години состојбата е следна: 2014-та -1.382м3, 2015 - 677 м3, 2016- 1385м3, 2017- 883м3,  2018 - 990м3, 2019 - 1615м3. Како локации каде најмногу во велешко диво се сече шумата се посочени околината на село Степанци, околината на селата Горно и Долно Јаболчиште и околината на село Карабуниште. 

Истражувањето е извршено во уште три македонски општини, освен Велес, и во Струмица, Прилеп и Гевгелија. Најмногу бесправно исечена дрвна маса е далеку пред сите Прилеп со скоро 17 илјади м3 а Велес е втор, во Струмица 340 м3 а во Гевгелија само 339 м3. Или околу 25.000 кубни метри дрва се бесправно исечени, односно украдени од националното богатство во овие  четири општини во последните шест години, вредно еден милион евра. Истражувањето покажало дека  Прилепскиот регион е епицентар на нелегалната сеча дрвја  во земјава.

Организаторите се оние што се стекнуваат со материјална корист, а самите сторители имаат потреба да обезбедат огрев за своите домови. Истражувањето покажало дека некои од организаторите претходно се занимавале со дрога, па се префрлиле на овој нелегален бизнис како побезбеден, оти бесправната дрвосеча се казнува прекршочно, а ретко кога се гони и кривично. Истражувањето покажува дека овој криминал прелева од општина во општина.

И додека податоците посочуваат дека во прилепско има најголема бесправна сеча, од  Основното јавно обвинителство во Прилеп нема податоци за тоа колку кривични дела се спроведени во однос на делото „пустошење шума“, додека од Основниот суд во Прилеп од 2008 до 2020 година имале само една осудителна пресуда за две лица.  Во Велес  од страна на ОЈО биле процесирани 26 кривични предмети во последните 10 години, во Гевгелија ниту еден не бил комплетиран, а во Струмица 16.

Македонија годишно ѝ биле потребни, имала потрошувачка на дрво во износ од еден милион метри кубни дрво. Притоа, ЈП Национални шуми произведуваат околу 450.000 метри кубни, приватните субјекти произведуваат за себе и пласираат на пазар од 200.000 до 250.000 метри кубни, додека националните паркови во земјава годишно произведуваат од 50.000 до 70.000 метри кубни дрво.  Остатокот до потребните количества огревно дрво, зборува колкава е бесправната сеча на дрва.

Бројот на вработени лица во секторот Шумарството во континуитет се намалува, иако во јавноста излегуваат информации за превработеност во ЈП Национални шуми. Во ЈП Македонски шуми  треба да има над 300 шумочувари на национално ниво, а во моментов имаат над 200 и најголемиот дел од нив се лица од постара возраст.

АНКЕТА »

Дали се потребни забрани за учениците на училиште да носат мини здолништа, долги нокти, маици на прерамки, бермуди, бради и присеви?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »