речник контакт

Заболениот со ковид-19 од Брзата помош до сограѓаните, изолиран сум веднаш по интервенцијата, немав контакти со пациенти

Лицето за сите 12 дена додека е во изолација немало никакви симптоми на корона вирусот и постапило совесно и професионално

Петар Печков

Заболениот од Итната служба телефонски се јави до ТрМр  со порака до своите сограѓани, со цел да ја информира јавноста, но и да каже дека е во самоизолација  веднаш по настанот. Праќа порака дека нема место за паника и страв.

Сакам да порачам дека сум во изолација веднаш по мојата интервенција на први април, кај лицето кое подоцна се констатираше дека  е заболено од ковид 19.  Од тој момент, од интервенцијата,  до денес сум 12 дена дома, без никаков контакт со никого, ниту со мојата фамилија и со моите најблиски.  Запазени се сите мерки и ги уверувам сограѓаните дека  од мене не е продолжен ланецот на ширење. За сите овие денови, јас немам ниту еден симптом кој укажува дека имам ковид -19, кашлица, температура, болки во градите, малаксаност. Постапив совесно и професионално во мојот случај - кажа во телефонскиот разговор вработениот од Итната медицинска служба во Велес.   Додава дека е спокоен и смирен, без паника и страв. 

Освен кај ова лице,  ковид -19 беше констатиран и кај уште едно лице здравствен работник, кој е вработен во Инфективното одделение при велешката Болница.  

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »