речник контакт

Заборавената убавина на Бентот

Се сеќавете ли на омиленото капалиште на велешани Бентот? Еве низ фото репортажа, каква е неговата денешна состојба

Петар Печков

Ако Бентот до пред 10-тина години беше место каде велешани се разладуваа, времето и загаденито Вардар го сторија своето. Заборавен, обраснат, без плажа, со тежок приоден пат Бентот и натаму е посетен од двесетина возрасни велешани, кои не се предаваат на времето и заборавот, потсетувајќи се на своајта младост, токму на ова место.

Ако случајно сте заборавиле како да стигнете до Бентот, одете зад Ветекс и патеката е тука, не треба многу, 2 минути одење и се открива местота каде постарите велешани го минуваа летото. Пред 15 години повеќето се сеќаваат незаобиколниот Цоро успеа да го заживее некоја година овој простор, со одбојка на плажа, со кафеана,  по што Цоро замина а со него и Бентот стана опустошен.

За ова репортажа да биде комплетна освен Бентот неколку фотографии и на останатеи велешки капалиште, кога немавме таква еко-сест како денес, па не пречеше да ги освојуваме Островче, Јаниташ, Адата....

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »