речник контакт

Забрана за движење низ шума

Се забрани движењето низ велешките шуми со цел да се намали опасност од големи шумски пожари и за да се заштити богатиот шумски фонд.

Петар Печков

Забраната ја изрече ЈП Македонски шуми ПЕ Бабуна Велес и ќе трае до крајот на септември годинава. Надлежните велат дека со ова не се попречува слободата на движење туку истото ќе се контролира, па за таа цел секој што сака да се движи низ шумскиот предел на регионот на општините Велес, Градско и Чашка ќе мора да извади дневна или  дозвола за повеќе денови.

Регионот на велешко, посебно на Азот е прогласен за ризичен од страна на Дирекцијата за заштита и спасување, заедно со уште други пет општини во Македонија, како  региони каде најчесто човекот е предизвикувач на големи шумски пожари.

Во велешко тие се случувале во реонот на  селата Стари град, Мартолци, Согле и Бистрица, каде има висока трева а тука мине железничката пруга и возот па од неговото  кочење се создавале искри и избувнувале пожари.

АНКЕТА »

Дали се потребни забрани за учениците на училиште да носат мини здолништа, долги нокти, маици на прерамки, бермуди, бради и присеви?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »