речник контакт

Забрана за продажба на џамлии во Македонија

Не биле безбедни

Петар Печков

Забранета е проажбата на џамлии во земјава, бидејќи тие, според стандардите за безбедност на детски играчки, не се безбедни од проста причина што постои опасност децата да ги проголтаат,

Овие производи не го поминуваат тестот на безбедноста, бидејќи се помали од 31 мм, најмалата дозволена мерка за делче од играчка. Најголем дел од увозниците на играчки веќе знаат, па џамлии не можете да најдете во големите продавници за играчки, појаснува Фатмир Шехи, инспектор од Државниот пазарен инспекторат.

Инспекторот Шехи во последната координирана акција на Државниот пазарен инспекторат, санитарниот и инспекторатот за труд издал решение за повлекување на 4 небезбедни производи како и на еден производ кој ќе оди на испитување на Санитарниот инспекторат поради тешката и силна миризба на лимон.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »