Петар Печков
Објавено: петок, 03 јануари 2025
Мостот на реката Вардар за влез во Велес, кај Башино Село е затворен за сообраќај. Ова го побарало Државниот и инспекторат за сообраќај, откако во текот на вчерашниот ден Градежниот факултет испратил извештај до ЈП за Државни патишта, за нарушена стабилност на мостот.
„Овој извештај не можеме да го ставиме во фиока и мораме да преземеме соодветни дејствија. Така од денес мостот е затворен и за леки возила и за тешки камиони. Во извештајот пишува дека е нарушена стабилноСта на мостот, има сериозни вибрации и хоризонтално и вертикално, има напукнатини и на мостот и на носечките столбови Работиме на решенија. Првото е за санација на мостот, проект од Градежен факултет и која би завршила за 90 дена од почетокот на санацијата. Втората работа е изградба на нов мост“ – кажа Марко Колев градоначалник на Велес.
Со оваа одлука се засегнати многу граѓани, многу фирми од Велес. Како предлог е сообраќајот во градот да се одвива помеѓу 22 и 6 часот наутро, да се изврши промена на сообраќајот во централните улици. Припадниците на нуркачките единици на МВР имале подводни активности внатре во реката Вардар кај мостот, и снимале каква е состојбата со темелите.
„Претходниот градоначалник уште во 2018 апелирал за состојбата на мостот, во 2019 е сменета категоризацијата на патот ,за да може државата да ја финансира санацијата, толку години ништо не било преземено а се бареле седум милиони денари. Колегите од Градежен фактултет напишале дека конструкцијата е од висок ризик, имаме комплетно уништена арматура и бетонска конструкција. Во тек е повикот за избор на проектант на новиот мост по што би се извршил избор на изведувач а потоа да се започне зо изградба на нов“ – кажа премиерот Христијан Мицкоски.
Постојниот мост, чија стабилност е нарушена, е стар 53 години, изграден од ЈНА во 1971 година како времен, во должина од 101 метар. Тој е армирано-бетонски полумонтажен тип на мост. Поради итноста за решавање на проблемот со сообраќајното решение за тешктеи возила, низ центарот на градот, во попладневните часови во Општина Велес, градоначалникот свика итна средба со стопанствниците од општина.
Tweet |