речник контакт

Завршен е паркингот кај ОУ Блаже Конески

Изградбата чинеше 1,7 милиони денари обезбедени од општинскиот буџет

Петар Печков

Завршија градежните активности за изградба на нов паркинг простор на улица Љубљанска, во близина на училиштето „Блаже Конески  Паркингот е ставен во употреба.

„Иако со помал капацитет, овој паркинг ќе биде со исклучително значење поради својата местоположба и честиот сообраќаен метеж кој се создава во овој дел.“ - соопштија од локалната власт.

Тој има капацитет од 15 автомобили. Изградбата  чинеше 1,7 милиони денари обезбедени од општинскиот буџет. Работите започна на крајот од месец август.  

На оваа улица во утринските и попладневните часови, кога започнува и завршува наставата во училиштето Блаже Конески, се создава метеж од автомобили, на родители  на деца ученици од училиштето кои ги оставаат или земаа од настава.

Се очекува наскоро да биде завршен и уреден паркингот кај поранешното АТД.

АНКЕТА »

Дали се потребни забрани за учениците на училиште да носат мини здолништа, долги нокти, маици на прерамки, бермуди, бради и присеви?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »