речник контакт

Завршена изградбата на мостот во Богомила

Со ова е сочуван стариот камен мост, кој беше заштитен споменик на културата

Петар Печков

ЈП за државни патишта објави дека е завршена изградбата на новиот мост во Богомила, над реката Бабуна. Со ова стариот камен мост повеќе не се користи за сообраќај на возила. Вредност на проектот е 14.572.349 денари обезбедени од Буџетоп на ЈПДП.

На регионалниот пат Велес- Богомила се наоѓа  и камениот мост од Турско време кој е еден од препознатливите симболи на селото Богомила. Стариот Камен мост е заштитен споменик на културата од 1953 година и спаѓа во групата рустични мостови.

Тој  не беше проектиран да ги издржи модерните превозни средства, а е единствениот спој со Богомила. Од тие причини ЈПДП пристапи кон изработка на проект за изградба на мост на река Бабуна, кој е завршен. 

Жителите на Богомила петнаесетина  години реагираа, бараа да се сочува стариот мост, оти преку него минеа камиони товарени со дрва за огрев, кои се сечеа по блиските планини, камиони товарени со кварц од тамошните каменоломи.  Населението дури и со жив штит го бранеше мостот во 2010-тата. 

Стручњаци од Националниот конзерваторски центар на Македонија, во 2008-ма година извршиле увид, изготвиле извештај и констатирале дека на мостот се одвива товарен сообраќај кој негативно влијае врз стабилноста на мостот. Поради ова тие тогаш  побарале забрана на секаков вид моторен сообраќај, конзервација и реконструкција на мостот како и изградба на нов мост преку реката Бабуна, која никогаш во пракса не се почитуваше.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »