речник контакт

Завршени два меѓународни проекти во економското училиште ,,Јовче Тесличков,,

Првиот беше работилница во Палермо а вториот проект реализиран со колеџ од Финска и средно училиште од Словенија

Петар Печков

Економското училиште ,,Јовче Тесличков,, со промоција заврши два проекти кои ги реализираше  изминатиот период.   

Наставниците од „Јовче Тесличков“ беа дел од тренинг работилници на тема „Кариерно советување - мастер час на иднината" кој се одржа во  Палермо, Италија.

Оваа обука е насочена кон усовршување на способностите на кариерните советници и стручната служба на училиштето со цел правилно насочување и подготвување на учениците за пазарот на труд, намалување на бројот на ученици кои не го завршуваат средното образование и подобрување на редовноста и успехот на учениците во училиштето.

Средното економско училиште ,,Јовче Тесличков  ја  одржа завршната конференција на PEEISS проектот – „Моќта на претприемничкото образование – инспирација и чекор до успехот“. На овој настан беа присутни претставници на партнерите на PEEISS проектот од Јаваскула Колеџот од Јаваскула, Финска и Економска шола Ново Место од Словенија.

Училиштето  како координатор на проектот го организираше овој настан со цел да ги презентира придобивките од него како  и користа   која ќе биде достапна до пошироката заедница преку официјалната веб страна на проектот.

Со овој настан е заокружена двегодишната соработка помеѓу партнерите и е направена ретроспектива на сите настани, мобилности и  користа  како крајните резултати

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »