Петар Печков
Објавено: петок, 06 декември 2024
Заврши воената вежба „Мајпл арч24“ која две седмици се одржуваше во Македонија. Таа е специфична бидејќи за прв пат е комбинација со компјутерска симулација, која се одвиваше во Центарот за симулации лоциран во касарната Алексо Демниевски Бауман во Велес, и на терен, на полиготот на Криволак.
„Во светот постојат терористи, сајбер закани, земји и актери кои се закануваат на безбедноста на нашите земји и тие не познаваат граници. Со вежба како оваа, ние што го почитуваме светскиот ред, поредок безебдност, не гледаме на граници, туку соработуваме сите заедно, против овие закани“ – кажа Мишел Камерун амабсадорка на Канада.
Вежбата годинава се одржа по 25-ти јубилеен пат, носител беше Канада а организатор Македонија.
„Оваа вежба е доказ дека македонската армија нуди можности и услови за заокружување на целиот процес за извежбување согласно највисоките НАТО Стандарди“ – кажа Владо Мисaјловски, министер за одбрана.
Вежбата траеше две седмици, учествуваа 600 припадници на армиите земји членки на НАТО Канада, Македонија, Полска и Литванија и од две партнерски армии Украина и Грузија.
Tweet |