речник контакт

Заврши втората фаза од санацијата на одронот кај Цуцка

Заврши втората фаза од санацијата на одронот кај Цуцка, се продолжува со бетонирање на карпите

Петар Печков

Заврши втората фаза од санацијата на одронот кај Цуцка, се продолжува со бетонирање на карпите

Со постојното темпо на работа, се најавува дека санацијата ќе заврши до крајот на август, наместо во октомври 

Заврши втората фаза од работите на санацијата на одронот на камењата од карпата Цуцка, на влезот во Велес, од правец на Гевгелија, по регионалниот пат. Третата фаза опфаќа торкетирање, бетонирање на карпите и поставување на мрежа. 

Ќе се започне со ставање на шипови во карпите, ставање на заштитни мрежи, бетонирање на истите за да се запре и одронувањето и продорот на водата во самите карпи којашто е и најголемиот штетник за овие работи и за  патиштата. После  следува асфалтирање. Според тендерската постапка рокот е некаде  октомври месец 2020 година, но во разговор со изведувачите и по тоа  што го гледаме на терен  мислам дека летово во август ќе биде завршено за добро на сите патници, на граѓаните на Велес, како и да биде безбедно за сите учесници во сообраќајот на оваа патна траса. Во јуни месец ќе го објавиме и тендерот за рехабилитација на регионалниот пат кон  Градско-  изјави Зоран Китанов директор на Јавното претпријатие за државни патишта. 

Тој дополни дека во овој период се работи и на неколку патни правци од поширокиот регион на Велес. Веќе се почнати или ќе отпочнат рехабилитации на неколку патни правци како што се: Голозинци – крстосница  Горно Врановци, Стари град – крстосница Богомила, Богомила – Црнилиште, Оморани – Теово. На новинарското прашање за реакциите во дел од јавноста за висината на инвестицијата од еден милион евра, дека е превисока, Витанов порача.

Цените не ги одредува ЈП за државни патишта, туку  се формираат на тендер. Треба да се изработи и проект.   Нема голем број на фирми во Македонија, што се  занимаваат со ваков вид на свлечиште.  Фирмата која работи како подизведувач е од Хрватска. На Балканот ги нема многу вакви специјализирани фирми. Пропаѓаат тендери поради тоа што на свлечиште не се јавуваат фирми. Документацијата е достапна за секој   - рече Китанов.   

Времето покажа дека неоправдани беа нападите за реализација на одронот кај Цуцка. Се решава децениски проблем по безбедноста на граѓаните на Велес но и сите кои го користат овој регионален пат. Ова се сериозни проекти и треба повеќе време да се решат - кажа градоначалникот на Велес, Аце Коцевски

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »