Петар Печков
Објавено: среда, 23 декември 2020
На археолошкиот локалитет Стоби завршени се два проекти, археолошко истражување на Западна некропола во Стоби и археолошко истражување и конзервација на архитектонските остатоци на продавниците и работилниците зад Полукружниот плоштад .
Со првиот проект, истражувањето на западната некропола, истражени се 15 погребувања кои припаѓаат на првата половина на 1 век од н.е. Формите на погребување кои биле откриени се типични за подоцниот августовски период, во форма на вкопани, ритуално спалени јами, во кои биле погребани кремирани покојници заедно со нивните гробни дарови, оставени за да им се најдат на покојниците во задгробниот живот.
Со вториот проект кој се работел на продавниците и работилниците зад плоштадот во Стоби, биле доистражени предвидените две простории. Истражувањата дале богат нумизматички материјал од крајот на 6 век од н.е., потврдувајќи ја веќе познатата хронолошка слика за овој комплекс. По завршувањето на археолошките истражувања, биле подложени на конзерваторски третман ѕидовите кои не беа опфатени во претходната кампања во 2018.
И двата проектиреализирани со финансии од годишната програма на Министерството за култура.
Tweet |