речник контакт

Заврши првенството од Првата футсал лига, КМФ Кеги моби со реми во Кавадарци заврши како 8 од 10 екипи

ФК Борец со гол на Манасиев во судиското продолжение го доби дербито во Крушево со ФК Питу Гули, победи и ФК Превалец а пораз за ФК Локомотива во Третата лига. Пораз за фудбалерките на ЖФК Борец

Петар Печков

Со натпреварот со екипата на КМФ Клими во Кавадарци, КМФ Кеги моби го заврши првенството од Првата лига. Средбата заврши без победник, 4:4 и велешaни на крајот по 18 кола се 8 од 10 екипи. Со овој пласман обезбедија опстанок, избегнаа играње бараж.

Во Третата фудбалска лига, ФК Борец победи во Крушево, против екипата на ФК Питу Гули со 3:4. Тоа беше дерби на колото на прво и четврто пласираниот на табелата. Велешани водеа со 3:2, домаќините израмнија во 89 минута а велешани победија во судиското продолжение, како и пред  две седмици кога во Росоман со голот на Манаисев се спасија од пораз а овој пат победија со голот на истито фудбалер- Манасиев.  ФК Борец останува на врвот со 33 бода, три повеќе од ФК Росоман и ФК Превалец. ФК Превалец дома беше убедлив со победа од 9:1 над екипата на ФК Младост од прилепско Кривогаштани кој е седми.  ФК Локомотива од Градско во соседското дерби со ФК Росоман, загуби со 0:4 во гости. Еипата е претпоследна 10 со 10 бода. Во следното коло е дербито ФК Борец – ФК Превалец на Градски  а ФК  Локомотива е слободна.

Во Втората лига ЖФК Борец загуби во Кочани од истоимената eкипа со 1:3. Во следното коло велешанки го пречекуваат тимот на ФК Атлетико од Битола, кој е лидер на табелата а велешанки се шестти со седум бода.

фото ФБ/ КМФ Кеги моби

АНКЕТА »

Дали се потребни забрани за учениците на училиште да носат мини здолништа, долги нокти, маици на прерамки, бермуди, бради и присеви?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »