речник контакт

Заврши реконструкцијата на 64 моста од коридорот 10 на автопатот низ Македонија

Се работеше 10 години а НАТО инвестираше 35 милиони евра

Петар Печков

Заврши реконструкција на мостовите на делниците од автопатиштата во земјава. Тоа беше проект финансиран од НАТО, при што на повеќе делници од  Коридорот 10 беа обновени 64 моста.  За нив беа потрошени 35 милиони евра а санацијата ја изврши француската фирма  ,,Фресине,, светски лидер за овие конструкции.  Реализација на овој проект траеше десет години и  придонесе мостовите да добијат целосно нов изглед.

Овој коридор е мошне важен за КФОР оти е главна добавувачка патна клучка од пристаништето Солун до границата со Косово. Искрено верувам дека овој проект ќе биде од полза  за двете страни КФОР и цивилниот сообраќај  од другата страна, а ќе имаат бројни придобивки за економијата. Се зголеми и капацитетот за оптоварување на автопатот и да се обезбеди побезбеден транспорт. Земјите  и нациите  од регионот се  меѓусебно поврзани со историски и економски врски и убеден сум дека овој пат ќе помогне да се зајакнат  и патот ќе придонесе за  натамошен развој   - изјави  Френец Корум   бригаден генерал,  заменик командант на КФОР.

Соработката со НАТО командата започна во 2005 година кога Министерството за транспорт и врски и Врховната Команда на Здружените Сили на Европа претставувана од НАТО Штабот во Скопје потпишаа Меморандум за разбирање за поправка на патната мрежа во Република Македонија.  Овој меморандум претставуваше  правна основа за почеток на реализација на овој многу проект.

Тој   се работеше во три фази, во  првата се заврши со реконструкција на мостовите на автопатската делница од Катланово до Велес и делницата Скопје- Блаце,  во втората фаза се заврши со реконструкција на мостовите на автопатската делница од Демир Капија до Гевгелија и во последната трета фаза која заврши пред неполн месец се реконструираа мостовите на делницата Велес- Катланово.

Овој проект претставува уште еден од многуте инфрструктурни проекти што ги реализираме за подобрување на патната инфраструктура во Република Македонија. Инвестициите што Владата  ги  реализира на овој Коридорот 10 изнесуваат преку 300 милиони евра. Во скоро време ќе добиеме еден модерен автопат на Коридор 10 што ќе ги задоволува сите меѓународни стандарди  – изјави Владо Мисајловски министер за транспорт и врски.

Тој се заблагодари на  Врховната Команда на Здружените сили на НАТО  за Европа, што  помогнале во обнова на овој дел на патната мрежа.  Претставниците на НАТО пак изразија благодарност до Министерството за транспорт и врски, на ЈП за државни патишта и  на Градежниот факултет при УКИМ за соработката во  реализацијата на овој проект, кој нагласија  дека,, е завршен  со висок стандард, и навремено,,.    

АНКЕТА »

Дали се потребни забрани за учениците на училиште да носат мини здолништа, долги нокти, маици на прерамки, бермуди, бради и присеви?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »