речник контакт

Заврши реконструкцијата на железничкиот патен премин за Горно Оризари

Од петок почнуваат работите на патниот премин Дворови, за кон Железен мост

Петар Печков

Завршија градежните активности на реконструкцијата на  железничкиот патен премин кај  Горно Оризари.  Тие траеја подолго од предвидениот рок, поради ниските температури и неможноста да се извршат потребните технички зафати. 

Со стабилизирањето на временските услови заврши последната фаза за реконструкција и модернизација на железничкиот патен премин  кој го извршија екипи на МЖ Инфраструктура а од локалната власт се изврши асфалтирање на приодот до преминот. Оваа реконструкција е  извршена со кофинансирање 50:50 средства обезбедени од Општината и Македонски железници.

фото: Општина Велес

Од МЖ Инфраструктура најавуваат дека од петок ќе започне реконструкцијата на патниот премин  за Дворови,  преминот кон Железен мост. Ова е по барање на граѓаните од овој дел на градот, иако со првично потпишаниот договор, истиот  патен премин не беше договорен.

За следната година остана да се изработи железничкиот патен премин за Штипска рампа. Таму е потребно да се реши, како и каде ќе сообраќаат тешките возила, оти тој е единствениот влез за нив во  индустриската зона на Велес но и за кон општина Чашка.

АНКЕТА »

Дали се потребни забрани за учениците на училиште да носат мини здолништа, долги нокти, маици на прерамки, бермуди, бради и присеви?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »