речник контакт

Заврши реконструкцијата на железничките патни премини во Велес

3а 15 месеци обновени се шест премини, до година остана уште на Штипска рампа. Се постави рециклирана гума која го олеснува преминот преку пругата

Петар Печков

Со реконструкција на железничкиот патен премин „Дворови“ во правец на Железен мост, завршија годинашните работи на санација. За 15 месеци  модернизирани се шест патни премини во Велес, сите четири  кои се во градот, два во месноста Дворови,  на мостот Гемиџии и Стар мост, како и  кај фабриката Киро Ќучук и за населбата Горно Оризари.

„Реконструкцијата опфати промена на шини и прагови, измена на толчаничка призма, за потоа да продолжи поставување на бетонски елементи,  темели и ивичници. На крај се постави гума, изработена од рециклирана гума , со која полесно се мене преку преминот. Тоа целосно е нова  коловозна конструкција“ - кажа Димче Ќамилов, раководител на ЗОП Велес.

Од локалната власт на повеќето  премини извршија асфалтирање на приодите до преминот а на еден поставија бехатон плочки. Оваа активност беше реализирана со средства пола- пола обезбеди од МЖ Инфраструктура и Општина Велес.

Модернизацијата на  железничкиот патен премин во Дворови доаѓа по барање на граѓаните од овој дел на градот. Иако истиот  не беше во првичниот договор  да се реконструира, Општина Велес и МЖ Инфраструктура направија напор  во брзa постапка да се реши овој проблем.

Градоначалникот на Велес Марко Колев ја истакна добрата соработка  со МЖ Инфраструктура.

„Морам да ја истакнам одличната соработка со МЖ Инфраструктура, која е добар премер како државната и локалната власт соработуваат“ - кажа Колев.  

Следната година останува да се реконструира преминот кај Штипска пруга. За негова работа ќе биде потребно да се најде сообраќајно решение, како ќе се одвива сообраќајот за тешките возила, кој го користат овој патен правец за да може да влезат во индустрискиот дел на Велес или да се упатат кон општина Чашка.

АНКЕТА »

Дали се потребни забрани за учениците на училиште да носат мини здолништа, долги нокти, маици на прерамки, бермуди, бради и присеви?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »