речник контакт

Заврши реставрацијата на крштелницата во Стоби

Мозаикот исчистен и среден, столбовите искршени во парчиња, составени и вратени

Петар Печков

По две години макотрпна работа, завршена е реставрацијата на крштелницата во Епископската базилика во археолошкиот локалитет Стоби.  Денес таа е повторно во истиот сјај и изглед како и пред 16 века кога била создадена.  Крштелницата е откриена во 70-тите години на минатиот век, и според археолозите е исклучителен споменик откриен на територијата на Република Македонија.  

Со нејзиното откривање Македонија археолошки  доби многу, но веднаш започнуваат проблемите кои се од  аспект  на заштита и презентација.  Имало конзерваториски работи но не од голем обем. По некое време  објектот е запустен и никој не води грижа за него. Од 2010-та  кога започнавме да работиме тука на Стоби, тој беше во исклучително лоша состојба, по што  започнавме со конзерваториски проект за негова заштита. Тоа заврши во 2013-та. Немаше средства и во 2016-та добивме грант од амбасада на САД  па во 2017-та започнавме со голема  конзерваторско- реставраторска екипа  на мозаикот. Работевме осум месеци непрекинато, продолживме и годинава. Истовремено се работеше и реставрацијата на камената пластика. Сите столбови беа пронајдени во  стотици парчиња и фрагменти. Тоа колегите ги исчистија, ги составија и направија такви какви што можеме денес да ги видиме или такви како што беа во 6-тиот век. Камчињата се тукашни локални, испитано е тоа, нема ништо донесено од надвор туку  се од околината.  Изработката на мозаик и тогаш и денес е исклучителна работа, која бара многу уметнички, технолошки, технички познавања - рече   Мишко Тутковски координатор на проектот за реставрација на кршалницата.

Археолозите објаснуваат дека крштелницата е многу значајна според сите параметри. Според архитектонската форма, декорацијата  на  внатрешноста -мозаици, фрески,  камена пластика, капители, столбови, се тоа  што го прави како учебник за но христијанска археологија  и умениот. Таму има елементи од 4-тиот до 6-тиот век. 

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »