речник контакт

Заврши теренската вакцинација „Од врата до врата“

Во овој период од еден месец посетени биле 227 семејства, аплицирани 151 доза вакцини против сезонски грип, аплицирани 50 вакцини од редовниот календар за вакцинација на деца од предучилишна и училишна возраст

Петар Печков

Заврши теренската вакцинација за децата  од претшколска возраст и ученици, која ја реализираше  Службата за превентива на деца и младинци при ЈЗУ Здравствен Дом Велес.

Со тоа е  се спроведе  втората фаза од  кампањата за имунизација „Од врата до врата“, организирана од Министерството  за здравство и  Канцеларијата на Светската здравствена организација во Скопје. Една од целите  беше да се пронајдат деца, кои воопшто не се вакцинирани, тоа се деца од ранливи категории граѓани. 

Децата добивале вакцини според календарот за вакцинација на деца од претшколска и школска возраст. Во зависност кое дете било  го пронајдено, која вакцина е пропуштена, со таа  е вакцинирано.

„Во овој период од еден месец посетени  беа 227 семејства, аплицирани 151 доза вакцини против сезонски грип, аплицирани 50 вакцини од редовниот календар за вакцинација на деца од предучилишна и училишна возраст, 55 деца се закажани за вакцинација во амбуланта, оти биле болни во моментот на посетата или дома немаше родител“ - соопшти д-р Марија Тодоровска координатор на кампањата  за теренска вакцинација.

Во овој период биле  посетени различни делови на градот но и седум населени места во поширокиот дел на поранешната општина Велес, Чашка, Градско, Горно Оризари, Горно и Долно Јаболчиште.
Новина е што во оваа теренска вакцинација годинава беше вклучена и вакцината за сезонски грип. Неа можеа да ја  добијат сите ранливи категории граѓани, над 65 години возраст, со хронични болести, трудници, деца од 6 месеци до 6 години кои што  ги немаше во првата фаза пролетта.

Тоа беше истата вакцина која се аплицираше со закажан термин во Центрите за јавно здравје. Така од 151 доза вакцина против сезонски грип, најголем интерес имало во Градско 54, во Чашка 27.

АНКЕТА »

Дали се потребни забрани за учениците на училиште да носат мини здолништа, долги нокти, маици на прерамки, бермуди, бради и присеви?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »