речник контакт

Заврши уредувањето на улиците во селaта Мамутчево Чолошево

Со проектот ,,Реконструкција на улици,, вреден 12 милиони денари се уредија 2 км улици

Петар Печков

Деновиве во две велешки села Чолошево и Мамутчево,  заврши проектот ,,Реконструкција  на улици,,.  Од локалната власт задоволни  што  етапно го решаваат проблемот со инфраструктура во селата во  Општината. Најавувaат дека во наредниот  период ќе продолжат со градежните активности.   

Во село Мамутчево вредноста на проектот изнесува шест милиони денари. Реконструирани се седум улици во ова населено место. Вкупната должина на улиците е 1007 метри.  Две улици во должина од 375 метри, лоцирани во центарот, се асфалтирани, останатите пет во должина од 632 метри се бетонирани.

Асфалтирани се сите улици во село Чолошево. Во рамки на проектот кој изнесува шест милиони денари, асфалтирани се сите улици во населеното место, со вкупна површина од 1062 метри.  Финансиските средства за реализација на проектот се од ЕУ, администрирани според правилата на Светска банка. 

Општинскиот СДСМ реагираше на изработката  на  улиците во село Мамутчево.,,Поради тоа што улицата и тротоарите се лошо проектирани,  при секој пообилен дожд, на неколку локации станбените куќи се поплавуваат од атмосферските води. Поради лошата изведба и немањето рабници на улицата, неколку куќи од ова село  се под директна закана од поплави,, стои во реакцијата на партијата.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »