речник контакт

Завршуваат активностите за конзервација и реставрација кои летово се изведуваа на локалитетот Стоби

Деновиве на локалитетот, во тек е есенската акција на затворање на мозаиците за нивна заштита и спречување на штети од претстојните временски услови.

Петар Печков

На археолошкиот локалитет Стоби привршуваат работните активности, кои изминатите месеци се изведуваа на неколку објекти. Се работеше на нивна реставрација, конзервација, доистражување, обнова.  Годинава десетта по ред се работеше на  археолошките доистражувања на Римскиот  театар.

„Изминатите години се конзервираше долната  половина од гледалиштето. Последните години сме фокусирани  на конзервација и истражување на горниот сегмент од гледалиштето.  Се работи на конзервација на  циркуларните и радијалните делови од ѕидовите, кои се супструкција, која ги носела седишта од горниот сегмент.   Кога ги откривме во 2009 и 2010 година беа во многу лоша состојба“ - кажа Гоце Павловски археолог во НУ Стоби.

Овој период се работеше на  резиденцијалниот и  комерцијален кварт од рано византиски период, археолошки доистражувања  и конзервација на фрескоживописот и делови од Старата епископска базилика.

Трета година по ред се работи на Јужната порта. Во 2020 беше откриен овој нов влез во Стоби.

„Овој дел од бедемот кој се конзервира последните три години е единственото парче  од јужното утврдување на градот, кое што не беше завршено. Сега сме на 70 проценти и очекувам дека до година ќе биде готово“ - вели Јован Радњански, виш кустос за доцна антика во НУ Стоби.  

Во текот на летните месеци, кога се изведуваат овие зафати се изврши санација на осветлувањето на локалитетот,  за да може во летниот период, кога осетно се зголемува бројот на туристи, повеќе часови  од денот, посетителите да престојуваат во Стоби.

Сите овие активности беа финансирани од Министерството за култура, преку годишната програма за работа.   Деновиве на локалитетот, во тек е есенската акција на затворање на мозаиците за нивна заштита и спречување на штети од претстојните временски услови.

Годинава НУ Стоби доби  грант од филантропска организација од САД „Џ. М. Каплан Фонд“ од 300.000 американски долари со кои средства ќе се конзервира Теодосијанската палата. Од друга страна никако ниту по една година за започне реализацијата на меѓуграничниот проект со Грција.

Со пари од ЕУ треба старата железничка станица да биде место каде ќе се претстави движното богатство на локалитетот, да се уреди паркинг пред влезот но и да се постават фотоволтаици над објектите  во Стоби, каде престојуваат вработените.

„Немаме реализација на проектот, бидејќи надлежните од Управата за заштита  за културно наследство, кое ги издава дозволите за работи во културно заштитените зони, ја блокираат работа на проектот. Заради тоа се уште немаме центар за посетители, немаме паркинг. А проектот требаше да го завршиме до крајот на декември.    Колегите до Грција веќе се при крај на реализација, а ние уште не сме почнале“ - изјави Спасе Перовски директор на НУ Стоби.

АНКЕТА »

Дали се потребни забрани за учениците на училиште да носат мини здолништа, долги нокти, маици на прерамки, бермуди, бради и присеви?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »