речник контакт

Загадениот воздух влијае на зголемен број пациенти кои се жалат на влошување на здравствената состојба

Со паѓањето на температурите зголемен е бројот на интервенции на лекарите од службата за Итна помош

Петар Печков

Ниските температури го зголемија бројот на интервенции на служба за итна медицинска помош при Здравствен дом Велес.  Вообичаено е преку викенди и празници  зголемен обем на работа. 

За месец ноември статистика покажува дека биле  реализирани 1.203 прегледи во амбуланта, на терен 478 домашни посети од кои  49 во руралните средини. Во првите шест дена од  декември  имало 267 прегледи од кои 176  биле за викенд, домашни  посети 92 а  34 биле во селата.

„Бележиме зголемен обем на работа, има настинки, горно респираторни инфекции, пациентите се жалат на покачена температура, малаксаност, болки во грлото, кашлица, болка во коските, има случаи на дехидрирани пациенти од повраќања. Кај  пациентите со ревматидни  заболувања ова студно и влажно време доведува до зголемување на болките во коските, во грбот “  - кажа   д-р Елена Коцевска доктор од Службата за итна медицинска помош при ЈЗУ Здравствен дом.

Во текот на месец ноември во Велес мерните инструменти на Министерството з а животна срдина покажале 6 дена вредности над максимално дозволените а  во првите 10 дена од декември четири дена. Тоа влијае на здравјето на велешани.

„Имаме зголемен број на пациенти асматичари, кои се жалат на  сувиот и загаден воздух, кој делува на нивното здравје, до влошување, ги иритира веќе претходно иритираните дишни патишта,  се жалат на отежнато дишење, глад за воздух, надразнителна кашлица“ - вели д-р Коцевска. 

АНКЕТА »

Дали се потребни забрани за учениците на училиште да носат мини здолништа, долги нокти, маици на прерамки, бермуди, бради и присеви?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »