речник контакт

Загаденоста на водите од рекреативните центри во Велес

Заводот за здравствена заштита од Велес ги изнесе податоците од степенот на загаденоста на водите од рекреативните центри во околината на градот, кои излетниците ги користат како освежување во овој летен период.

Петар Печков

Заводот за здравствена заштита од Велес ги изнесе податоците од степенот на загаденоста на водите од рекреативните центри во околината на градот, кои излетниците ги користат како освежување во овој летен период. Со испитувањето се опфатени четири центри, реките Вардар, Тополка и Бабуна како и езерото Младост. Според податоците од испитаните примероци за рекреација и капење може да се користат езерото Младост и реката Бабуна, се до вливот во реката Вардар. За разлика од нив, реката Вардар од влезот во Велес кај Башино село па се до излезот кај фабриката за вештачко ѓубре ХИВ не се за капење, наводнување на земјоделски површини или напојување на стока, поради високиот степен на загаденост.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »