речник контакт

Загина тракторист во Ореше

Починатиот Ѓоре Ѓурчиновски е сопственик на продавницата која неодамна изгоре во подметнат пожар

Петар Печков

Претпладнево околу 11 часот загина жител на  село Ореше, во моментот додека управувал трактор. Станува збор за лицето Ѓоре Ѓурчиноски (51 год).

Според неговите блиски настанот се случил во семејниот двор, кога Ѓоре го придвижил тракторот марка ,,махиндра,, се превртел и му нанел смртососни повреди. Починал на лице место.  Тракторот бил нов, купен пред две седмици.  Ѓурчиновски беше сопственик на селската продавница во село Ореше, која изгоре во подметнат пожар пред еден месец.

Од СВР Велес го потврдија настанот и додаваат дека нивни е кипи се на местото на несреќата  и се истражуваат причините за смртта.  

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »