речник контакт

Задушница

Велешани масовно ги посетија гробовите на блиските. Таму пак некои вистински ремек дела за споменници кои го надминале времето

Петар Печков

Задушници се деновите во кои според народните верувања душите на покојните претци и блиски доаѓаат од оној свет кај своите блиски барајќи од нив храна, пијалак, затоплување, чистење (капење).

Се верувало дека заборавањето на душите на покојните може да предизвика суши, поплави, немаштија, болести и други несреќи. Кај народот постојат две примарни (пролетна и есенска) задушници, но задушниците поврзани со Духовден се официјално признати од црквата па биле прифатени и од народот.

Овие денови се посветени на душите на умрените, и затоа се оди на гробишта, се носи храна, а свештениците се молат за душите на покојните.

Се верува дека душите на покојните предци доаѓаат од оној свет кај своите најблиски, барајќи од нив храна, вода, но и за да ги видат.

Обичајот на гробишта е да се прочита молитвата, да се осветат работите што се донесени, а потоа оние што дошле на гробот да каснат од пченицата и лепчето полиено со црвено вино.

Во прилог и неколку  фотографии од споменици, како пример за работи кои го надминале времето и оставиле вреден спомен. И се вистинско уметничко дело.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »