речник контакт

Заев од Велес – Победуваме, режимот ќе падне

Работникот над се, порача Заев од митингот на коалицијата предводена од СДСМ

Петар Печков

 СДСМ и коалиционите партнери во Велес одржаа митинг. Сите говорници од бината потенцираа едно, дека ветуваат минимална  плата од 16 илјади денари, просечна плата од 30 илјади денари, укинување на радиодифузната такса, бесплатно здравство, намалување на извршителските такси, враќање на евтината  цена на струјата.   

Слободата доаѓа а промените незапирливо доаѓаат, назад нема.  Во последните десет години царува говорот на омраза а народот е поделен како никогаш досега.  Во Македонија живеат најсиромашните граѓани во Европа.   Тука има најлоша патна  и железничка инфраструктура. Во Македонија повеќе умираат отколку што се раѓаат.    Десет годишното владеење на ВМРО-ДПМНЕ го создаде најголемиот егзодус на ова парче земја, многу млади секој ден заминуваа со билет во еден правец. Вие граѓаните  најдобро чувствувате што значи некој, ден по ден  да ви краде од животот и денар по денар од џебот - рече Панче Иванов кој е кандидата за пратеник во ИЕ 3. На листата освен него е и Агим Муртезанов од Горно Јаболчиште, на реден број 11. 

Ивановј посебно потенцира дека најстрашно за еден преосветен работник, каде припаѓа и тој, е кога влегувал во празна училница. Тоа  нему му се случувало секојдневно  во економското училиште, бидејќи  учениците ги немало.   

Носителот на листата  Љупчо Николовски, посочи дека негова заложба ќе биде достоен живот за граѓаните со пристојни плати.

По една третина од кампањата, јасно е дека промени ќе се случат, затоа што тоа го бара народот. Над 660 илјади луѓе поради криминалните политики на ВМРО-ДПМНЕ и Никола Груевски  се иселија од Македонија.  Се фалеше по светот  да дојдат инвеститорите оти сме имале најниски плати, и  тоа ни го остави во наследство.  Груевски пишува фејсбук статуси дека во Велес  ќе се  вработеле волку, толку лица.  Ништо од тоа не видовте, остана само празно ветување и фалење. Ќе го укинеме донесувањето на закони по скратени постапки – рече    Николовски.

Лидерот на СДСМ Зоран Заев објасни дека секој граѓанин  на крај на година ќе добива  паричен надомест од враќање на 15 отсто од платениот ДДВ, со приложување на фискални  сметки. Така ќе се избегнела сивата  економија, оти секој ќе сака да добие пари назад.  Вети и укинување на екстерното полагање, повисоки плати за докторите и просветните работници и тие да не се бават со толкава администрација како сега. 

На 11-ти декември да покажеме дека режим може да падне без капка крв.  За да плати Груевски и фамилијата,  за сите криминали, за  сите украдени пари. Богатите треба да платат повеќе, за сиромашните да имаат повеќе, да имаат достоинствен живот. Не може рамен данок, немаат сите исти пари. Не може некој што има плата 1,5 илјади евра да плаќа данок исто како и тој со 200 евра. Затоа социјалната помош нема да биде 2,5 илјади туку 12 илјади денари. Но тоа е обврска да се  отворат нови работни места, за да не плаќа државата толку пари социјала.  Гласајте оти заслужувате живот во Македонија,  заслужувате среќа   – рече Заев.  

Тој им се обрати и на неопределените, да гласаат  ,,одлучете како е најдобро за   вашите деца и внуци,,.  Одговори и на дилемите,  кои ВМРО-ДПМНЕ ги поставувала во кампањата во јавноста за федерализација, кантонизација, за двојазичност. За нив Заев рече дека се наметнати и присутни  само во главите на власта. 

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »