речник контакт

Заев - седејќи дома на 5-ти мај враќате режим

Не сакам да помислам што може да се случи со нашите животи, со државата, ако другата опција победи - кажа претседателскиот кандидат Пендаровски

Петар Печков

На вечерашната трибина со граѓаните одржана во амфитеатарот на Младински парк во Велес, претседателскиот кандидат на СДСМ Стево Пендаровски ги повика гласачите на масовна излезност на 5- мај, за да како што потенцира не се врати фамилијата на власт.   

Со заокружување на бројот три, 30 годишната стратешка заложба на сите партии, на сите припадности на етничките заедници, на сите граѓани, државата да стане членка на ЕУ и НАТО се реализира. Само концептот што го нудам ја носи Северна Македонија во ова друштво.  Со гласање за редниот број три, тоа е гаранција дека режимот на Груевски нема да се врати. Другата опција ако победи, ќе ни го врати другиот ден и повторно ќе управува со државата а сите знаеме како тој работеше, профитирајќи на грбот на граѓаните.   Не сакам да помислам што може да се случи со нашите животи, со државата,  ако другата опција    победи ако тие луѓе дојдат на власт. За тие што останаа дома, а лани, пред две и три години гласаа за оваа политичка опција. И јас не сум задоволен 100 отсто со тоа што  се направи  во економско -социјалната сфера.  Повеќе не можеше да се постигне, со оглед на тоа што го затекнавме, руина од држава.  Решивме да ги ставиме во архива проблемите кои 30 години никој не ги решаваа, проблемите со Грција и Бугарија. Оваа власт испорачува, работи. Не работи за провизии, за тендери.   Не се јавуваат на судија да диктираат пресуда, не се јавуваат кај уредници да пишуваат вести, нема такви примери.   Време е да се каже збогум на режимот на фамилијата - кажа Пендаровски.   Тој  го прифати повикот на членовите на Шарената револуција да се соочи со нив и одговори на нивните прашања.

Иницијативата, двајцата против кандидати од вториот круг на претседателските избори да соочиме со водачите на Шарената револуција ја прифаќам. Сакам да ги слушнам нивните забелешки, зошто дел од нив се разочарани. Јавно упатувам одговор   дека ја прифаќам, ќе одговорам на сите нивни прашања, забелешки, бидејќи се боревме за исти принципи, исти вредности.  Само едно не ми е јасно, како противкандидатот Гордана Силјановска Давкова ќе се соочи со тие луѓе,  што ќе им каже, кога  ниту една секунда не беше на Шарената револуција, ниту метар  мина по улиците. Таа не се бореше против диктатурата и против режимот на фамилијата, таа беше дел од нив - рече Пендаровски. 

Во денешното гостување на телевизија  активистите на Шарена Револуција, Ирена Стеријовска и Гоце Маркоски ги повикаа претседателските кандидати на мегдан за вредностите на Шарената револуција. На трибината во Велес, лидерот на СДСМ Зоран Заев и  постави прашање на Силјановска Давкова, кое рече дека одамна му тежело, и време било да го постави. 

Дали Горана Силјановска  е изработувачот на актот  за амнестија, кој  претседателот Иванов го даде  и потоа го потпиша.   Очекувам чесен одговор кон јавноста,  дали таа како негов соработник го изработи  или не - праша Заев.  

Тој порача дека со седењето дома на 5-ти мај се помага во враќањето на режимот.  Но најави и метла за тие што опструирале во институциите.  

Слушам тие од другата страна, кои се во институциите правеле пак списоци, како  кога беше режимот. Ние сме добри, но не и наивни. Ќе има метла и за нив.  Ако победат, ќе се вратат и заканите и уцените. Сега имате слобода.   Метла ми дадоа во рацете, тоа е слобода и демократија. За  нивно време само стапот од метлата можевте да го добиете, за да маваат со него. Тоа е разликата меѓу нас. Ние носевме одлуки кој три децении никој немал храброст да ги донесе. И тие имаа решение Горна, загради Скопје, но немаа храброст оти поважна им беше кариерата отколку државата и народот. Еве ја денес нашата земја пред НАТО и ЕУ. Знам дека има лути, ама овие другите на сакат да ги видат. Затоа  знајте дека седејќи дома, враќате режим    - додаде Заев.  Дополни дека после 5-ти мај ќе има промени и тие ќе се случат, за новите да не ги правеле грешките на некои од сегашните.   

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »