речник контакт

Заедничка изложба на браќата Коруновски „СИМБИОТИКС“

Авторите се претставуваат со 40 дела работени во комбинирани сликарски и цртачки техники

Петар Печков

Во Ликовниот салон во Велес, вчеравечер, четврток,  беше отворена изложба „Симбиотикс“ на дела создадени од  браќата Ангел и Филип Коруновски.  На неа авторите се претставуваат со  40 дела работени во комбинирани сликарски и цртачки техники. Сите изработени на квадратни платна.

„Мотивот  на делата и работата е дека треба да одговориме на времето во кое живееме, да го прикажеме тоа што го чувствуваме. Појдовна точка на изложбата е да го објасниме движењето. Мојот пристап е експресионистички и е акционо сликарство.    Овие дела се искрени вистински, имаат во себе и агресија и љубов“ - кажа Ангел Коруновски.  

„Заедничко на нашите дела е движењето, кое го прикажавме како две димензионално и во два простори. Брат ми има експресивен начин на работа јас работев со кратки потези, со кои сакав да постигнам треперења“- рече Филип Коруновски.

И двајца автори се завршени на Факултетот за ликовни уметности во Скопје.

Промотор на изложбата беше театрологот  и директор на велешкиот театар Сашо Димоски.

„Двајцата автори со нивните дела се ткаат во едно единство. Тие со оваа изложба создаваат синтеза на микроскопскиот наратив на Филип и деструктивниот пристап на Ангел. Синтезата на енергија во комбинацијата со бои, во кои се заробени апстрактните светови на авторите пулсира моќно“ - изјави промоторот Димоски.

АНКЕТА »

Дали се потребни забрани за учениците на училиште да носат мини здолништа, долги нокти, маици на прерамки, бермуди, бради и присеви?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »