речник контакт

Заеднички проект на планинарски друштва од Балканот, за одржување на чисти планинарски патеки

КПС Азот е дел од проектот во кој се планинарски друштва од Хрватска, Србија и БиХ

Петар Печков

Изминатиот викенд граѓанското здружениe КПС Азот  од Велес, беше домаќин на колегите од неколку планинарски здруженија од Србија, Хрватска и Босна и Херцеговина.  Гостите кои во Велес престојуваа три дена, беа од здруженијата „Тара“ од  Бајина башта Србија, „Мајевица“ од БиХ, Националниот парк „Тара“  од Ужице и  „Горшчица“ од  Загреб Хрвтска.  

„Соработката е во рамките на проект кој се однесува за  подигање на  свеста за одржување на  планинарските патеки и нивно чистење.  Проектот е именуван „Земи едно, не оставај ништо“ – кажа Тодорче Ѓорѓиев, претседател на КПС Азот.

Гостите при престојот во Велес, беа во посета на спомен куќите на Рацин, Главинов, Касапови и Џинот, на Народниот музеј -  Велес. Во неделата се одржа заедничко планинарење од Ореше, преку Нежилово и Папрaдиште  до Куртовица. 

АНКЕТА »

Каде го минавте летниот одмор?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »