речник контакт

Заклетва на 14-тата генерација македонски војници

Во велешката касарна свечена заклетва на војниците од октомвриската класа на доброволно служење во АРМ

Петар Печков

Во касарната „Алексо Демниевски-Бауан‘‘ , во Командата за обука,  свечена заклетва дадоа младите војници  од октомвриската класа на доброволно служење во АРМ.

Пред  200-те  војници од кои 16 се девојки, нивните родители, роднини и пријатели  и старешини на АРМ и други гости од свечената бина, се обрати полковник Љупчо Костовски, камандант на Командата за обука. Честитајќи им ја свечено дадената заклетва потсети дека тие се столбот на АРМ.

Од овие редови потоа се пополнуваат професионалните единици на АРМ. Овие млади војници во својата војничка кариера на која многумина од нив се определуваат  потоа со дополнителна обука и усовршување  голем дел од нив  стануваат  и врвни  војници и старешини со кои се гордее нашата Армија, потенцира полковник Костовски.

Основната воена обука на војниците ќе трае во наредните три месеци. Како и со претходите генерации со војниците ќе работи врвен воено стручен тим старешини на Центарот за индивидуална обука при  Командата за обука, сместена во  велешкиот гарнизон на АРМ.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »