речник контакт

Закупувачите од Велес, со глоба оти не поднеле аконтативна даночна пријава

Неофицијална бројка е за 400 изречени глоби во висина од по 200 евра. Од УЈП тврдат максимално транспарентно ги информираат даночните обврзници за сите новини

Петар Печков

Неколку стотина велешани, сопственици на деловен простор и станови кои ги изнајмуваат,  добие глоба затоа што не поднеле аконтативна   даночна пријава за имот. Сите те треба да платат по 200 евра казна.

Неа  им  ја изрекла УЈП, поради што голем број од казнетите, со  решенијата в рака, незадоволни  и   лути претпладнето го минаа во канцелариите на велешките даночници.  

Проблемот е што иако сите  обврски ги подмиривме, се направивме како што треба, не сме поднеле аконтативна даночна пријава. Кога ја  поднесував  даночната пријава во март, го прашав службеникот што уште друго треба да сторам, објасни дека тоа е  се.   За оваа грешка, не по моја вина,  ме глобеа 200 евра а ако ја платам во рок од осум дена казната е 100 евра -  рече Ленче Димова.  

Засегнатите обврзници велат дека на изречената глоба нема право на жалба а на решението имало само потпис, не и печат од УЈП.  Во друг случај, жителка на село Иванковци добила иста казна, иако  сите давачки ги плаќа закупецот. 

Дадов просторија за фирма, кој во неа врши откуп на тутун.  Тие плаќаат данок, се е преку нив, јас немам врска со тоа. Кога ми стигнува  глоба од 200 евра.  Зошто јас да поднесам кога  се оди преку тие  што ја  изнајмија  просторијата – вели сопственичка на деловен простор.    Во друг случај  сопственик кој со децении  го изнајмува  деловниот простор, годинава прв пат е казнет. 

30 години го изнајмувам локалот, редовно плаќам ама ова не се случило. Доколку некој ми кажеше за оваа обврска, кога поднесував пријава, сигурно дека и таа ќе ја подмирев. Каде толку пари давам, ќе ги платев и овие. Требало да не известат, вака директно глоба не е во ред. Не се  чувствувам виновен за да плаќам глоба    – вели Раде Велковски.

Меѓу бројните незадоволни велешани беа и претставници на граѓански здруженија. Тие добиле глоба оти  нереално го пријавиле данокот.

Ми стигна казна  дека сум имал промет од 3,5 милиони денари, што е далеку од реалната. Ме казнија оти не сум поднел финансиски извештај,   како раководно лице 270 и правното лице 900 евра – велат од граѓанското здружение ,,Зелена сила,,.  Во решението кои го добиле сите даночни обврзници, кои изнајмуваат деловен простор или стан, куќа,   изречената глоба е  поради  прекршок  ,, за неподнесена аконтативна даночна пријава за остварени  приходи  од имот за 2015,, согласно Законот за  персонален данок и доход.

Од УЈП одговараат дека тие максимално транспарентно  и со кампањи ги информираат  и едуцираат обврзниците.

 

Десет години  УЈП води активна кампања за информирање на граѓаните во делот на нивните права, но и нивните обврски за навремено пријавување на приходите по најразлични основи, роковите, казните и слично. Во сите спроведувани кампањи активно се вклучени националните и локалните медиуми, општините, достапни се информации и публикации на веб страницата на УЈП и користени се други комуникациски канали. Секако, граѓаните за сите прашања поврзани со даноците можат да се обратат и во најблиската даночна канцеларија или во Контакт центарот на УЈП на телефонскиот број 0800 33 000. На граѓаните кои ќе задоцнат или воопшто нема да поднесат даночна пријава - аконтативна и годишна, во пропишаниот рок, законот предвидува глоба за сторен прекршок во износ од 100 до 200 евра во денарска противвредност – стои во писменото соопштение на УЈП. 

АНКЕТА »

Каде го минавте летниот одмор?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »