речник контакт

Заменик министерката на МВР ја пофали велешката полиција, криминалитетот опаѓал

Раководството на СВР Велес ја информирало Петровска дека се подготвени да обезбедат фер и демократски услови

Петар Печков

Состојбата на подрачјето на СВР Велес била стабилна и мирна а криминалитетот опаѓа. Ова го кажа  заменик министерката  за внатрешни работи Славјанка Петровска по денешната посета на Полициската станица Велес.

Инциденти кои биле во минатото, едно убиство и едно убиство во обид се расчистени, со поднесување на соодветни пријави до Јавното обвинителство. Раководството ги пренесе податоците дека криминалитетот на подрачјето е во опаѓање. Или дека полицијата си ја врши добро својата работа, како превентивно така и со репресивно.  Разговаравме и за претстојните парламентари избори, раководството ме информираше дека се подготвени да се соочат со предизвиците кои ги очекуваат и дека ќе обезбедат фер и демократски услови  за сите граѓани - изјави Петровска. 

Прашана дали се води постапка против двајцата полицајци од Тетово, кои пред десетина дена како сведоци на пресметката на гневи граѓани со државни службеници - инспектори,  кои им одзеле нелегална роба, службените униформирани лица според сведоците си заминале, таа кажа дека  верува дека како во минатото кога се работи за престапи на полициски  службеници, одделот за внатрешна контрола веднаш реагирал.

Одговори и за состојба на македонско грчката граница пред можниот бран на мигнати. Заменик министерката  за внатрешни работи Славјанка Петровска   рече дека притисокот е на турско -грчката граница но дека ќе се зголеми бројот на полицајци на македонската граница ако според добиените информации од грчка страна и Фронтекс полицијата  е потребно.     

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »