речник контакт

Замокот на метресите, близу Катлановскиот тунел

За тврдината близу вливот на Пчиња во Вардар, на автопатот од Скопје до Велес, која сте ја виделе мноу пати а досега не сте знаеле за неа

Петар Печков

Колку пати сте ја поминале тврдината и сте се запрашеле каква приказна крие таа. Еве малку нешто познато за неа, од истражувањето на Паско Кузман. 

Недалеку  на  2,5 км од Катлановскиот тунел има   еден стар напуштен утврден град во клисурата на реката Пчиња. Таму каде што таа формира живописен полуостров, на околу 3 км пред нејзиното вливање во Вардар.  Истражувањата  за  овој простор  започнале во 2008 година.,

Истражувањата покажале дека на овој пчињски полуостров се живеело во праисториското бакарно време, потоа на просторот функционирал доцно антички замок и на крајот, во времето на средновековната српска доминација во XIII и XIV век на просторот бурно егзистирал утврден град со високи бедеми и кули.

Со една од реставрираните  кули надвисната над автопатот овој локалитет ги повикува љубопитните да застанат, да се напијат кафе на врвот од карпата  и потоа да продолжат по патот кон целта. Ако влегувате внатре внимавајте на овој летен период на змии, поради бујната вегетација во која замокот, тврдината е обрасната.

Оваа тврдина ја проучуваше   Паско Кузман и тој  со пријателите ја нарекле  Кастело на метресите.  Приказните за блудните метреси останаа нераскажани, можеби до некое следно издание на истражувачот Паско.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »