речник контакт

Започна Осмата сликарско - копаничарска колонија ,,Папрадишки мајстори,,

Со жива свирка на групата Трио Гранде за 30-те учесници на манифестацијата, во куќата на Касапови беше отворена колонијата

Петар Печков

 Синоќа вечер, понеделник, започна Осмата сликарско- копаничарска работилница ,,Папрадишки мајстори. Таа  се одржува во куќата  на Касапови – каде  работат сликарите  и во куќата на Џинот – каде се сместени резбарите.

Тие  творат десет дена во автентичен амбиент на старата велешка архитектура. На колонијата  учествуваат 14 сликари, двајца вајари и  12 резбари од пет држави Русија, Бугарија, Србија, Црна Гора и Македонија.

Организатор на оваа културна манифестација е граѓанското здружение ,,Папрадишки мајстори,, кое ја доби  делегираната надлежност од локалната власт.  Сите дела создадени на колонијата  ќе бидат прикажана на велешката јавност на  изложба   на 9-ти Ноември на Денот на општината.

Вратите на куќите на уметноста на Касапови и Џинот  до 5-ти септември, до кога трае колонијата  се отворени за јавноста, посетителите и сите кои сакаат да видат како творат уметниците. Тие пак в недела ќе бидат во целодневен рпестој на селото Папрадиште и во петок попладне на локалитетот Стоби и винаријата Стоби.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »