речник контакт

Започна Фестивалот на античка драма Стоби, по 13 пат

Со претставата „Војникот фалбаџија“ на Турскиот театар од Скопје започна 13-тиот по ред Фестивал на античка драма „Стоби“.

Петар Печков

Со претставата „Војникот фалбаџија“ на Турскиот театар  од Скопје започна 13-тиот по ред Фестивал на античка драма „Стоби“. Минатата година Фестивалот беше затворен, годинава отворен со претстава токму на овој театар, што  за актерите носи порака, симболика.

Оваа претстава беше камерна, за мала сцена. Но ете успеваме приказната да ја пренесеме на гледачите во овој простор.  Ова беше одлично искуство за нас, иако и лани гостувавме, тогаш на затворањето, сега на отворањето. Посебно е да се работи тука, многу интересно, атмосферата, камењата, ветерот, земјата. Се  е  провокација за себе – рече актерот Осман Али. Претставата „Војникот фалбаџија“ на Турскиот театар  од Скопје е работена  по текст на Тит Мак Плаут а во режија на Италијанецот  Лука Кортина.   Фестивалот го отвори градоначалникот на Велес, Славчо Чадиев, кој порача дека  патувањето низ времето, преку глумата во  просторот на  античкиот театар е нешто посебно и неповторливо.   

Се менува времето, се менуваат актерите, се менува публиката, но исти се каменот и небото од пред 2 илјади години. Затоа привилегија е да се биде домаќин и да се игра тука, да се биде дел од ова волшепство -изјави Чадиев отворајќи го фестивалот.   Извршниот директор Зоран Љутков се заблагодари на публиката, која секогаш доаѓа во голем број да ги следи претставите, иако сцената од година во година е помала. 

Драго ми е што ве гледам во толкав број. И сцената и гледалиштето се помали од лани и претходно, но интересот е се поголем. Доаѓаат гледачи и од Гевгелија, Струмица што ме радува, кругот на посетители е се поширок. Очекувам дека ќе уживате во понудената програма која е составена за вас, почитувани гледачи – рече директорот Љутков.  Вечерва, (понеделник) на програмата е  претставата „Федра“  на Сара Кеј, режија на Билјана Радиноска. Проектот е  независна продукција во која настапуваат  актерите Стефанија Зисовска, Нина Максимова и Благој Веселинов.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »