речник контакт

Започна вакцинацијата од ковид-19, на приватните доктори од Велес

Се вакцинираат и медицинските сестри од примарното здравство

Петар Печков

 
Започна вакцинацијата на матичните доктори од Велес. Според Националниот план за вакцинација од ковид-19, тие се во шестата група за вакцинирање. Информацијата дека е започната вакцинациајата за заштита од ковид-19 за ја потврди и претседателот на Здружението на приватни доктори, д-р Лили Чолакова Дервишова.

Освен нив се вакцинираат и медицинските сестри вработени во приватните амбуланти.  Вакцинацијата се одвива во Скопје во Поликлиника  „Букурешт“ и ќе трае неколку дена. Во Велес, заедно со Градско и Чашка има 23 приватни амбуланти.

Дел од докторите и медицинските сестри не се пријавени, бидејќи веќе го прележале ковид-19.   Пријавувањето на овие здравствени работници беше преку регистрација на порталот вакцинација.мк .

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »