речник контакт

Започна вакцинацијата со втора доза „АстраЗенека“ откако се скрати рокот за аплицирање од 12 на шест седмици

Првите два дена од неделава се пушташе втора доза „Фајзер“ и неа ја примиле 852 лица додека прва доза „Синовак“ примиле 300 граѓани

Петар Печков

Во пунктот во спортската сала „Коле Неделковски“  во Велес, од денес започна да се аплицира вакцината „АстраЗенека“, која требеше граѓаните како втора доза да ја примат во средината на август. Првата ја примија при отворањето на овој вакцинален пункт, на 25-ти мај и подоцна.

„Од претпладнево се пушта втора доза на вакцината „АстраЗенека’ откако Министерството  за здравство одобри да се намали рокот на аплицирање.  Целта е граѓаните да обезбедат имунитет пред можниот нов бран на ковид-19 од септември“ - кажа д-р Марина Тодоровска, координатор на вакциналниот пункт во Велес.

Министерството за здравство  неодамна го скрати рокот на пуштање од 12 на шест седмици, па оваа вакцина започна да се пушта порано.  

Во пунктот во спортската сала „Коле Неделковски“  изминатите два дена се пушташе втора доза „Фазјерф“ во висок одѕив од страна на лицата кои ја примиле првата. Два дена се работеше од 8 до 17ч. и биле пуштени  852 вакцини.

Во вакциналниот пункт во Здравствен дом голем интерес за  вакцинација без термин. Првите два дена до неделава биле пуштени без малку 300 вакцини „Синовак“ прва доза. 

АНКЕТА »

Дали се потребни забрани за учениците на училиште да носат мини здолништа, долги нокти, маици на прерамки, бермуди, бради и присеви?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »