речник контакт

Започна градба на канализациона мрежа во населба Отовица

Така ќе се заштитат водите на езеро Младост, инвестиција од 7,6 милиони денари

Петар Печков

Започна реализацијата на  проектот  „Заштита на водите на Езеро Младост преку регулирање на отпадните води“.  Првата работа со која се започнаа градежните активности беше    изведба на канализационен систем  во населба Отовица,   со должина од 2,5 километри.

Со него ќе бидат опфатени улиците „Благој Ѓорев“ и „Гоце Делчев“, односно седум краци од нив. Ќе заврши со пречистителна станица.  На тој начин ќе се елиминира секаква можност за загадување на водите во Езеро Младост.

Освен што ќе  се соберат отпадните  води  од фекалната канализација на населбата, со оваа  инвестиција ќе се реши и проблемот со згадувањето на водите на езеро Младост – изјави Марко Колев раководител на  Центарот за развој на Вардарскиот регион кој е носител ан проектот.

Вкупната инвестиција изнесува 7,6 милиони денари, средства кои се обезбедени преку програмата за рамномерен регионален развој.  Со реализацијата на овој проект ќе биде решен проблемот на околу 300 жители на населеното место. По завршувањето на поставувањето на канализационата  мрежа, од локалана власт најават дека ќе започнат  со  поврзување на  населбата Отовица со вода од градскиот водовод.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »