речник контакт

Започна градежната сезона во Општина Чашка

Што се ќе се работи во наредните месеци во Општина Чашка

Петар Печков

Од село Голозинци започна градежната сезона во општина Чашка. Со поддршка на Бирото за регионален развој започна асфалтирањето на локален пат и улица во село Голозинци. Инвестицијата е во вкупна вредност од околу 2 милиони  денари.

„Локалната самоуправа интензивно оваа година ќе продолжи со градежната офанзива, со цел подобрување на патната, комуналната и останатата инфраструктура на месното население во општина Чашка“- кажа градоначалникот Горан Стојановски.

Тој дополни дека наскоро, согласно временските услови, започнува и реализција нанеколку други  проекти на територијата на Општина Чашка. 

Уредување со атмосферска канализација, асфалтирање и поплчочување на тротоари  на локалните улици ,,Ацо Шопов" и ,,Коста  Кирков" во населба Чашка, уредување  со атмосферска канализација и поплочување со бехатон плочки на главната улица во Мелница, асфалтирање на обиколница и главна улица  со два краци  во Горно Јаболчиште, асфалтирање на регионалниот пат од клучка Стари Град до после мостот во село Извор, изградба на фитнес зона во дворот на спортската сала во населба Чашка.

АНКЕТА »

Дали се потребни забрани за учениците на училиште да носат мини здолништа, долги нокти, маици на прерамки, бермуди, бради и присеви?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »