речник контакт

Започна да расте бројот на активни случаи со ковид-19 во Велес

Денес во двете ковид одделенија од велешка Болница, згрижени се седум пациенти, двајца помалку од вчера

Петар Печков

Откако две седмици паѓање бројот на активни случаи, вчера и денес започна да расте бројот на лица со ковид-19 во велешко. Изминатите 24 часа има нови 11, оздравени се двајца пациенти па бројката на активни се искачи на 43 лица. Починати нема.

Денес во двете ковид одделенија од велешка Болница, згрижени  се  седум  пациенти, двајца помалку од вчера. Hа Инфективно  се хоспитализирани тројца  а на Интерно се четворица    пациенти. Нема ново  примен  а испишани со по еден негативен тест се двајца пациенти.

„Потврдено позитивни се двајца, четворица се негативни, но со потреба од болнички третман,  непотврден е еден. На кислородна поддршка нема   пациенти“ - кажа д-р Елена Левкова Ќулумова, портпарол на Општа Болница Велес.

АНКЕТА »

Дали се потребни забрани за учениците на училиште да носат мини здолништа, долги нокти, маици на прерамки, бермуди, бради и присеви?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »