речник контакт

Започна да се реновира хотелот Интернационал

До Нова година треба да биде завршен стариот дел од хотелот

Петар Печков

Откако го купи во 2008-та Мите Јовановски сопственикот на хотелот Интернационал  во Велес, деновиве, по шест години започна да го реновира. Градежните работници влегоа во објектот, кој беше времен дом на зависници и бездомници и започнаа со негово уредување.  Во првата фаза треба да се исчисти од сметот што со години беше внатре, и  од инвентарот кој е неупотреблив, по што ќе се започнат со градежните работи. 

Започна да се реновира зградата. За  почеток се работи само за стариот дел, кој планирам да биде завршен, ако работите одат со планираната динамика, до крајот на оваа година.  Нема да има никакви доградувања, промени како што сакав, но не добив дозвола од локалните власти. Останува истиот изглед. Ќе биде  замената дограмата, фасадата уредена и опремени собите – вели  Јовановски.

Хотелот е сместен во центарот на градот и по неговото затворање во 2005-тата Велес немаше хотел во градското подрачје, сите постојни  се надвор од него. Фирмата “Макоил”, во сопственост на Мите Јовановски за 860.000 евра во 2008-тата  го купи велешкиот хотел “Интернационал”. Така  стана сопственик на простор во  центарот на Велес од  3.500 квадратни метри,  објектот имаше 150 легла во 80 соби,   ресторан, диско сала и кафе бар.

Но годините и неискористеноста, како и крадците го сторија своето, па зградата е во лоша состојба, вистинска руина и грда слика за центарот.  Проблемот со реновирањето закочи откако Јовановски сакаше да го преуреди објектот, на приземје да има трговски објекти а на првиот кат да бидат кафеаната, ресторантот и слаткарницата, но тешко одеше со добивањето дозвола.   Сопственикот најавува дека ќе  продолжи со реновирањето но бара исполнување на еден услов.

Доколку за три месеци не биде отстранет времениот објект, кој се наоѓа  во дворот на летната тераса, ќе  сопрам со градбата. Ако на грдот му треба хотел, нека има и такво третман   – најави Јовановски.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »